Јас сум Лепосава - магистер по фармација од 2014 година и специјалист по козметологија и естетика од 2022 година.
Своето образование го започнав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, но мојата љубов кон науката ме одведе во Франција, каде што го надградив своето знаење во градовите Стразбур, Лион и Колмар. Овие искуства ми помогнаа да го комбинирам најдоброто од теоријата и практиката и да создадам пристап кој вистински носи резултати.
Во 2019 година ја започнав @magnolia.glamour како начин да го исполнам моето слободно време, но многу брзо таа стана многу повеќе од тоа. Оваа платформа ме поврза со илјадници жени кои се соочуваа со проблеми со својата кожа. Преку мојата работа и нивната доверба, заедно постигнавме неверојатни резултати – решавање на кожните проблеми, враќање на сјајот и, што е најважно, подигање на нивната самодоверба.